Таа прави киретажа на ѕвездите од небото,
и ги собира во малечки тегли,
па ги реди на полиците на душата
за да и' го осветлат патот во темнините на животот.
Таа прави обдукции на далечни галаксии
за да дознае како се родиле, а не како згаснале.
Лекува со бакнежи бидејќи спознала што е болка
додека правела дисекција на спомени без анестезија.
Води љубов без допири и говори без зборови -
бидејќи очите и се полни со страст
која еруптира како лава од Везув и од Етна.
Нејзиниот топол здив ги замаглува
леќите на телескопите и микроскопите,
но и чашите со бело, миризливо вино
и очилата на саканиот.
Љуби како да не ќе да доживее уште еден ден -
небаре тоа е последното нешто што ќе го направи.
Го има посетено центарот на Земјата,
но има живеено и на нејзината периферија.
Ги вика ангелите по име,
а решава да остане со човештвото.
Знае дека детелината со четири листа не носи среќа,
но ја става меѓу страниците на својата Библија.
Не го знае името на својата омилена боја,
ниту може да објасни зошто е толкав инает...
Но барем остава отисоци од ладните прсти
на површината на историјата,
но барем гребе со црвени нокти
врз белиот порцелан на постоењето.